Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долари

Bez autora
Sep 07 2010

Обемот на стоковната размена во периодот јануари-јули годинава е за 9,5 проценти поголем во однос на истиот период лани. Притоа, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија изнесувала 1,7 милијарди долари, а на увозот 2,8 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 59,9 проценти. Или, трговскиот дефицит во периодот јануари-јули годинава изнесува 1,1 милијарда долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик, валаните производи, потоа на облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Трговскиот дефицит 1,1 млрд. долариОбемот на стоковната размена во периодот јануари-јули годинава е за 9,5 проценти поголем во однос на истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Притоа, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија изнесувала 1,7 милијарди долари, а на увозот 2,8 милијарди долари. Покриеноста на увозот со извоз е 59,9 проценти. Или, трговскиот дефицит во периодот јануари-јули годинава изнесува 1,1 милијарда долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик, валаните производи, потоа на облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија.

Во првите седум месеци најголемо учество во извозот имаат земјите-членки на ЕУ, со 61,8 проценти и земјите од Западен Балкан со 31,1 процент. Во увозот на стоки, пак, е најголемо учеството на членките на ЕУ со 52,8 проценти и на земјите во развој со 28,3 проценти.

Според вкупниот обем на размена, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Италија и со Русија, со кои врши 44 проценти од трговската размена.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik